МВР: Со „ноќен радар“ регистрирани 142 лица кои возеле со брзина над дозволената
Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови синоќа во период од 21.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 142 возачи.
Од нив, како што соопштува МВР, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 122 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 20 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.