МВР со детали за тепачката на базенот во Штип: Млада жена пријавила дека била нападната
Министерството за внатрешни работи објави детали за масовната тепачка на градскиот базен во Штип, каде што со боксови се тепаа мажи и жени.
– На 17.7.2023, во 16.10 часот, во Полициската станица Штип, Е.Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.