МВР со детали за починатиот маж пред банка во Аеродром


По фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи за починат маж пред банка во Аеродром, пристигнаа детали и од МВР.

Од МВР за „СкопјеИнфо“ информираат дека денеска во 11.51 часот било пријавено дека има починато лице на тротоар.

– На 02.03.2023 во 11.51 часот А.Т. пријавил дека на бул.Јане Сандански, на тротоарот има починато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за починато лице Ф. Х. (66). По наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилија за погреб, информираат од МВР за „СкопјеИнфо“.