МВР: 67 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 17 на вонреден технички преглед


На територијата на Република Северна Македонија вчера во периодот од 12.00 до 16.00 часот е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од  сообраќај поради истечена регистрација.

Како што информираат денеска од МВР, на вонреден технички преглед се упатени 17 возила.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата и на сите нас.