Музеј на Град Скопје со изложба во Нови Сад одбележува 70 години постоење


Со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ Музејот на град Скопје, по повод 70 години од своето постоење ќе гостува во Музејот на Нови Сад, Петроварадинска тврдина.

Изложбата ке биде отворена од 4 септември до 4 октомври годинава. Автори на изложбата се кустосите Снешка Лакалиска, Драгица Живкова и Игор Кузманоски.

– На изложбата ќе бидат презентирани 110 предмети што ги отсликуваат различните аспекти од животот на Скопското Кале во средновековниот и османлискиот период, со акцент на керамичкиот материјал. Изложените предмети го покажуваат богатиот културен живот на Скопското Кале, но и влијанијата од развиените средновековни културни центри, информираат од Музеј на Град Скопје.

Посочуваат дека преку претставените артефакти, културната јавност во Нови Сад ќе има можност поблиску да се запознае со нивната естетска, духовна и практична вредност.