Мултимедијален настан по повод Денот на независноста


Фото: Б. Грданоски
Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност денеска ќе се одржи мултимедијален настан „Државотворниот печат“.

Со манифестацијата во чест на Денот на независноста, 8 Септември, се одбележуваат 28 години од овој јубилеј и осум години работа на НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Пригодни обраќања до присутните ќе имаат директорката на музејот, Даниела Николова, и професорката  Наталија Поповска. Во рамки на програмата ќе биде прикажан филм посветен на АСНОМ и македонската држава во повоениот период.

Специјален музички перформанс ќе има Ансамбл Македонија.

-Со овој настан се отвора посебна програма на изложби, промоции, трибини… со којашто НУ Музеј на македонската борба за самостојност во континуитет во текот на оваа и следната година ќе ги одбележува најзначајните датуми од македонската историја, особено оние поврзани со Втората светска војна и конечната победа над фашизмот, велат од Музејот.