Мухамед Зекири и семејството се во болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, на вечерашнава прес-конференција соопшти дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечната ќерка се хоспитализирани. Филипче рече дека нивните симптоми се поблаги и дека имаат само зголемена темепреатурта.
Тој уште додаде дека епидемиолошки се испитуваат сите контакти на Зекири во деновите пред да биде тестиран позитивно на вирусот.