Муцунски ја поздрави објавата за апсењето на Мадуро: Одговорноста е клучна за слободата и демократијата
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи ја поздрави објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата.
Муцунски упати пофалби и до американскиот државен секретар Марко Рубио за, како што наведе, неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро.
„Одговорноста е важна. Стоиме со Соединетите Американски Држави и со народот на Венецуела во борбата за слобода и демократија“, порача Муцунски.