Муцунски ѝ се јавил на Надежда, побарал да се сретнат


 

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и се јавил денес на телефон на новата бугарска министерка Надежда Нејнски, за да и го честита преземањето на оваа позиција  и да иницира билатерална средба.

„Денес остварив телефонски разговор со новоназначената министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски. Упатив искрени честитки за нејзиното назначување и посакав успех во мандатот. Нагласив дека односите меѓу нашите две земји треба да бидат водени од добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Иницирав билатерален состанок што ќе се одржи во блиска иднина, како неопходен чекор кон одржување на отворен дијалог и одговорно ангажирање“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.