Му се заканиле со огнено оружје во скопско Студеничани


Маж на возраст од 30 годиши од скопско Студеничани, пријавил дека бил физички нападнат со тврд предмет од три лица.

Имено, случајот бил пријавен по полноќ. Од МВР со детали:

-Денеска (10.10.2022) во 01.32 часот во СВР Скопје, Ш.А.(30) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека во с.Студеничани бил физички нападнат со тврд предмет од В.Ф.(39) од с.Студеничани, Е.А.(30) од Скопје, Е.С. и уште едно лице, кои му се заканиле со огнено оружје – информираат од МВР.

Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.