Суданската армија ја зазеде претседателската палата во Картум


Армијата на Судан синоќа ја ослободи претседателската палата во Картум, што беше под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), јави денеска суданската телевизија.

Судирите помеѓу армијата и РСФ почнаа доцна синоќа, при што војската од воздух го нападна централниот дел на Картум.

По речиси две години војна, РСФ го контролира поголемиот дел од западен Судан и делови од главниот град Картум, но претрпе порази од армијата во централен Судан.

Двете воени фракции, армијата и РСФ, извршија државен удар во 2021 година, соборувајќи го цивилното владеење, а војната избувна во април 2023 година, откако плановите за нова транзиција предизвикаа насилен конфликт.

Војната во Судан предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, а РСФ и армијата се обвинети за масовно кршење на човековите права. Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и загинаа илјадници луѓе, а речиси 10 милиони лица ги напуштиле своите домови.