Може да се заразат и милијарда луѓе, а три милиони да починат

Со корона вирус во светот може да се заразат милијарда луѓе ако итно не им се помогне на ранливите држави, објави хуманитарната организација ИРЦ, пренесе Би-би-си.
Меѓународниот одбор за спасување ИРЦ предупредува дека за успорување на ширењето на вирусот потребна е хуманитарна и финансиска помош.
Организацијата тврди дека на „ранливите држави“ како Авганистан и Сирија потребни им се итни средства за да се избегне голема епидемија.
„Остана мала временска рамка за преземање силен одговор“, порачуваат од организацијата.
Според статистичките податоци на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“, во светот се потврдени повеќе од 3.000.000 случаи на заразени, со повеќе од 200.000 смртни случаи.
Извештајот на ИРЦ, втемелен на моделите и податоците на Светската здравствена организација и лондонскиот колеџ „Империкал“, проценува дека во светот може да има 500 милиони до една милијарда заразени, пишува Би-би-си.
Додава дека во низа нестабилни држави или земји погодени од војни може да има и до три милиони починати.
„Овие бројки треба да служат како повик на будење“, истакна челникот на ИРЦ, Дејвид Милибанд.