Москва забрани извоз на над 200 стоки
Русија забранува извоз на над 200 различни видови стоки, објави владата во четвртокот. Списокот на стоки допрва треба да биде објавен. Според Москва, таа ќе забрани испраќање „одредени видови дрва“ до „државите кои извршиле непријателски дејствија“, како и производните стоки од кои Русија зависи од увозот.
„Списокот вклучува технологија, телекомуникации, медицинска опрема, возила, земјоделски машини, електрична опрема … вклучувајќи железнички вагони и локомотиви, контејнери, турбини, машини за обработка на метал и камен, монитори, проектори, конзоли и панели“, се вели во соопштението.
Указот за забрана на одреден извоз што го потпиша рускиот претседател Владимир Путин важи до крајот на оваа година. „Оваа мерка е неопходна за да се обезбеди стабилност на рускиот пазар“, велат од руската влада.