Московската берза го запира тргувањето со британската фунта

Московската берза објави дека тргувањето со британската фунта на девизниот пазар ќе биде прекинато од 3 октомври.
Во соопштението на Московската берза (MOEX) се наведува дека тргувањето со фунтата на девизниот пазар вклучува различни опасности и тешкотии.
Се прецизира и дека поради овие причини МОЕКС одлучил од 3 октомври да го прекине тргувањето со британските фунти на девизниот пазар, пренесува Алџезира.
Тешки британски санкции кон Москва
Заедно со САД, Велика Британија воведе најтешки санкции кон Русија, од кои многу се однесуваа на економскиот сектор.
Велика Британија исто така строго ги санкционираше руските олигарси кои имаа голем имот и богатство во таа земја, а на Киев му пружи огромна помош во вооружувањето и обуката на армијата од почетокот на руската инвазија.
Велика Британија ги замрзна средствата на Сбербанк и го забрани увозот на руски јаглен.