Момче настрада од струен удар при обид за кражба кај железничката во Трубарево
Машко лице на возраст меѓу 20 и 25 години се здобило со тешки телесни повреди од струен удар во близина на железничката станица Трубарево при обид за кражба.
„При обид за кражба во текот на денешниот ден во 12:58 часот на железничката станица во Трубарево се случил несреќен случај. Лице на возраст од 20 до 25 години се здобило со тешки телесни повреди и со возило на итна помош е пренесено во болница“, информираат од Македонски железници – Инфраструктура.
Како што појаснуваат повреденото лице движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобил со струен удар.
При струениот удар, како што наведуваат, лицето се здобило со висок степен изгореници по телото. Случајот е пријавен во полиција која работи на негово целосно расчистување.