Мојот изглед сега е пософистициран: Викторија Лоба открива зошто италијанскиот накит е идеален за секоја дама

Накитот ја создава онаа магија и му дава тежина на секој изглед па дури и наједноставниот, вели Лоба во разговорот за „Независен“


Русокоса, синоока, со ангелска убавина, среќно омажена, секогаш насмеана и културна, поп-пејачката Викторија Лоба, препознатлива по дип хаус музиката,  се враќа на голема врата, онаа модната, како заштитно лице на новиот префинет и луксузен накит Rebecca, Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni, заедно со Кики Мукаетова.

Македонската стилска приказна која веќе шеста година се раскажува низ модниот симболизам на италијанскиот бренд Rebecca, доби ново поглавје. Италијанското бренд-портфолио е збогатено со уште три познати брендови за накит, а  се уште во Скопје е топ-тема ВИП отварањето на ребрендираната продавница во Ист гејт мол – Chapter03., која блескаше во розови и златни бои,  со гости и пријатели од сите сфери на живеење.

Не е мала работа кога префинет накит, нежен на допир, а изработен со најнови технологии, со кој секоја жена се чуствува поблиску до италијанската аристократија, ќе спои убави луѓе, на убаво место, а при тоа салонот станува задолжителна дестинација преку цела година, особено како идеален подарок за Нова година. Парчињата накит инспирирани од италијанската убавина совршено прилегаат и делотворно се вткајуваат во секоја модна комбинација: од секојдневна кежуал варијанта, до гламур во деловниот изглед како и вонвременски во свечените пригоди. 

Со Кики Мукаетова и Ива Милошевска, сопственичка и менаџер, на ВИП отварањето на ребрендираната продавница во Ист гејт мол – Chapter03.

За рекламната кампања на Chapter03. која изгледа светски, Лоба се нашминка сама, а за стајлингот беше задолжена дизајнерката Јована Филиповиќ. 

-Јас сум артист и тоа вклучува повеќе таленти и, секако, многу одговорна работа што јас со широко срце ја прифаќам зашто ме прави да се чувствувам слободна, среќна и исполнета, вели Лоба за своите ангажмани како заштитно лице на уникатни брендови.

Зошто најновата соработка и е особено драга и исклучителна, во продолжение на разговорот, ексклузивен за „Независен“. 

Во пресрет на новогодишните празници станавте заштитно лице на префинет италијански накит Rebecca, Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni, кои се веќе достапни во продажниот салон Chapter03. во Ист гејт мол кој изгледа навистина светски.Како дојде до соработка? 

-Јас сум голем фан на Rebecca и верувам дека страста за префинет накит беше пресудна за да започнеме една убава приказна со Chapter03 на која многу се радувам!

Фотосесијата од кампањата е импресивна. Како течеше снимањето? 

 -Фотосесијата беше навистина возбудлива и секоја наредна стилизација на накит ме фасцинираше се повеќе. Навистина уживав додека позирав за новите колекции на Chapter03, а посебно ми се драги фотографиите заедно со Кики!

Која колекција најмногу ви се допадна?

-Искрено не би можела да одберам баш една колекција затоа што секоја носи свој посебен печат и е убава на свој начин. Буквално секој може да си пронајде нешто што би му одговарало на карактерот и стилот, Chapter03 го нуди сето тоа. Парчињата на Rebecca за мене се iconic, Rue des Mille и Rosato префинета класика, додека колекцијата на Valentina Ferragni не воведува во светот на трендот и модата.

Колку новата соработка ќе го смени вашиот вкус во однос на накитот? 

-Девојките од Chapter03 ме упатија во многу интересни стилизации и ми покажаа многу нови интересни идеи, со тоа ми помогнаа да научам нешто повеќе за тоа како да го комбинирам накитот. Смело можам да кажам дека мојот вкус за накит сега е навистина по софистициран.

Како млада дама со префинет стил, колку ви значи накитот во комплетирањето на изгледот? 

-Многу ми значи, тоа е final touch на секој изглед. Накитот ја создава онаа магија и му дава тежина на секој изглед па дури и наједноставниот. 

Дали сте љубителка на минималистички или голем блескав накит? Од што зависи? 

-Јас сум љубител на минимализмот, но понекогаш сакам вистински да блеснам во маркантни парчиња накит. Сѐ зависи до расположение и приликата. 

Дали како дама сметате дека  накитот е идеален подарок за Нова година и за други значајни настани? 

-Секако! Уште ако накитот е персонализиран за личноста која ќе го прими подарокот, тогаш е дефинитивно добитна комбинација.

Каков подарок вие очекувате под новогодишната елка? 

-За мене најубав подарок моментално би било патување во некој ски центар, каде би можела и да се рекреирам и да се одморам.

Кои се вашите новогодишни традиции? 

-Една од моите традиции за Нова Година е моментот кога часовникот ќе ги отчукува последните 10 секунди до Новата Година, во тој момент да замислам желба и да и се заблагодарам на старата година за сите убави моменти!

Кои се вашите планови за новогодишната ноќ?

-Оваа година имам чест Новогодишната ноќ да ја дочекам со гостите на Distrikt Marriott каде заедно со мојот бенд сме задолжени за добра музика и атмосфера!

По што ќе ја паметите 2023? 

-Оваа 2023 година некако многу брзо ми помина, веројатно тоа е зошто бев многу посветена на работата, следната година би сакала да ја посветам повеќе на компонирање музика и семејството.

Имате ли желба во 2024?  

-Имам, но не смеам да ја кажам… :))