„МојДДВ“ е повторно во функција – но не кај сите корисници


Управата за јавни приходи соопшти дека техничките проблеми со мобилната апликација „МојДДВ“ се надминати и дека таа повторно функционира непречено. Според нив, корисниците повторно можат да ги скенираат своите фискални сметки без потешкотии.

Од УЈП потсетуваат дека фискалните сметки може да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање, што значи дека граѓаните нема да изгубат можност за поврат на ДДВ за сметките добиени во периодот кога апликацијата не функционираше.

Сепак, според нашите тестирања, апликацијата „МојДДВ“ сè уште не е целосно функционална и при скенирање продолжува да прикажува техничка грешка. Засега не е познато кога сите корисници навистина ќе можат непречено да ја користат услугата.

Тимот на УЈП, како што наведуваат во соопштението, останува посветен на стабилноста на дигиталните услуги за даночните обврзници.