МНР во боите на американското знаме
По повод одбележувањето на 26 годиншнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД зградата на МНР вечерва се осветли како знамето на САД.
-Ја изложивме Декларацијата за стратешко партнерство заедно со знамињата на двете земји и ја осветливме зградата на Министерството за надворешни работи во боите на американското знаме.Високо ја цениме континуираната поддршка на САД за остварување на нашите стратешки цели и остануваме посветени на заложбата за зајакнување на стратешкото партнерство и унапредување на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, порача министерот Бујар Османи..