МНР осветлено во сина боја по повод Светскиот ден на бегалците


По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, вечерва е осветлено во сина боја.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук напиша дека тоа е симболичен гест на солидарност со бегалците во целиот свет.

-Бегалците заслужуваат поддршка и солидарност, додава Османи во објавата на Фејсбук.