МНР најостро го осудува нападот во Газа


Министерството за надворешни работи најостро го осудува нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа за храна околу камионите за хуманитарна храна.

Според министерството за здравство на Хамас загинале 112 лица. До крвавиот масакр дошло кога рано во ноќта во четвртокот изутрина дошле камиони со хуманитарна помош, се создала турканица на неколку илјади луѓе, израелските сили почнале да пукаат, тоа предизвикало човечко стампедо, а камионите прегазиле многу луѓе.

Во соопштението на МНР се наведува дека „ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена“.