МНР: Формиран кризен штаб за сообраќајната несреќа во Бугарија


Фото: Б. Грданоски
Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб во врска со автобуската несреќа што се случи во Бугарија во којашто загинаа најмалку 45 лица.
 
– Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата, наведува МНР.
 
Министерството исто така информира дека негови двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.
 
– За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет на телефонскиот број 075/273-732, информираат од МНР.