МНР демантира дека ќе праќа нов конзул
Министерството за надворешни работи се огласи по реакциите дека за генерален конзул во Њујорк предложиле ТВ презентерка. Според МНР Македонија има конзулат во Тотова, САД, а таму е на половина мандат конзулот Јордан Панев така што не се предвидува негова замена.
-Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва.
Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена, реагира МНР.