Многу тепачки во полицискиот билтен – тепани жени, жени тепале


Полицискиот билтен денеска изобилува со физички напади врз жени, но и врз постари лица, а во еден случај, жена нападнала двајца во хотел. 

Во вторникот, во 17 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(33) од селото затоа што, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. 

Истиот ден,  во 16.20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Ѓ.(33) и Д.Д.(39), двајцата од Кавадарци, затоа што претходно во Кавадарци се обиделе физички и со остар предмет да го нападнат А.К.(59) од с.Голема Речица, тетовско.

По полноќ, во 2 часот во Полициската станица Гази Баба, М.С.(31) од Скопје пријавил дека околу 1 часот во казино на подрачје на Гази Баба бил физички нападнат од А.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово, во 06.25 часот во Полициската станица Гевгелија, Д.С.(53) од Гевгелија пријавил дека во фабрика во Гевгелија бил физички нападнат од У.А. од Струмица.

Во вторникот, во 16 часот во Полициска станица Карпош, Т.М.(46) од Скопје пријавила дека околу 8 часот во нејзиниот дом на подрачје на Карпош била физички нападната од А.Т.. 

Во 23.30 часот во Полициската станица Прилеп, Б.В.(85) од Прилеп пријавил дека околу 16 часот во место викано „Подкули“, прилепско, бил физички нападнат од три лица, кои употребиле и тврди предмети. 

Во 10.40 часот во Полициската станица Центар, К.В.(37) и А.В.(65) од Скопје пријавиле дека околу 09.45 часот во хотел на подрачје на Центар биле физички нападнати од едно женско лице.

Во 23.50 часот во Полициската станица Прилеп, Д.В.(59) од Прилеп пријавил дека околу 13 часот во место викано „Подкули“, прилепско, бил физички нападнат од С.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

На 10.10.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Г.(68) од Скопје пријавил дека во 18.25 часот на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од Б.Р.(29) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.