ММФ: Зелената транзиција ќе поттикне невидена побарувачка на метали
Преминот на обновливи извори на енергија може во идните децении да бара дури три милијарди тони метали како кобалт и литиум, а производителите тешко ќе ја следат големата побарувачка, предупреди во средата Меѓународниот монетарен фонд.
Замената на фосилните горива со нискојаглеродни технологии ќе бара осум пати поголеми вложувања во обновлива енергија и ќе предизвикаат силен раст на побарувачката за метали, истакнуваат од ММФ.
Потсетуваат дека уделот на струјата произведена од обновливи извори треба да порасне од сегашните 10 на 60 отсто, најпрво во составите кои како погонска сила ги користат ветрот, сонцето и хидроенергијата. Уделот на фосилните горива ќе се намали истовремено од речиси 80 на 20 отсто.
Побарувачката и цените би можеле со години силно да растат
Фотонапонските состави за производство на струја користат големи количества бакар, силициум, сребро и цинк, а ветротурбините содржат руда, бакар и алуминиум, потсетуваат од таму.
Силен извор на побарувачка за метали ќе ќе бидат и електричните возила, истакнуваат.
Во такви услови побарувачката за метали и нивните цени може многу да се зголемуваат со години, предупредуваат од ММФ.
Така, цената на литиумот може да порасне од ланските 6.000 долари на околу 15.000 долари по метрички тон во другата половина од десетлетието, а сличен скок во идните години ќе бележи цената на кобалтот и никелот.
Развојот на рудниците е долготраен процес и често трае 10 години, па и подолго, напоменуваат од ММФ.
Недоволно производство на бројни метали
Со оглед на прогнозираното зголемување на потрошувачката на метали до 2050 година според сценариото за нето нулта емисија на штетни гасови, актуелно е и производството на графит, кобалт, ванадиум и никел, кое е недоволно и би било повеќе од две третини помало од побарувачката.
Недоволно е и снабдувањето со бакар, литиум и платина, кое зад побарувачката ќе каска со некои 30 до 40 отсто.
Некои метали ќе бараат повеќе вложувања, а некои може да претставуваат поголем проблем поради малите резерви, истакнуваат од ММФ. Компаниите би можеле да ги зголемат со иновации во технологијата на вадење и со зајакнување на потрагата по наоѓалишта, сугерираат.
Решение се нуди преку рециклирање кое веќе се практикува во случајот на бакар и никел, а се пораширена пракса е и во случај со литиумот и кобалтот.
Проблеми со концентрацијата на наоѓалиштата и со загадувањето
Проблем има и со концентрацијата во наоѓалиштата во некои земји, нагласувајќи ги разликите на можни тесни грла во снабдувањето во случај вложувањата во производни капацитети да не го следат растот на побарувачката, но можни се и геополитички разлики.
Демократската Република Конго произведува 70 отсто од светскиот кобалт и има половина од резервите од тој метал. Нејзината позиција толку е доминантна што продолжување на производството на сегашното ниво значително ќе ја отежне енергетската транзиција, истакнуваат од ММФ.
Слично важи и за Кина, Чиле и Јужноафриканската Република, водечки во производството на други метали клучни за енергетска транзиција.
Проблемот е што рударењето влијае на околината и го забрзува глобалното затоплување, иако значително помалку отколку производството на јаглен и гас. Тоа пак, го отежнува пристапот до финансирање, па компаниите, мора да ги подобрат стандардните заштити на околината за да обезбедат вложувања, сугерираат од ММФ.