ММФ: Високата инфлација и каматните стапки ризик за глобалниот економски раст


Како што се посочува во документот објавен на веб-страницата на ММФ, овие пукнатини во финансискиот систем би можеле да станат уште посериозни доколку не дојде до таканареченото „меко приземјување“, односно сузбивање на инфлацијата без да започне рецесија.

Во извештајот ММФ презентира и нова оценка за ранливоста на глобалниот банкарски систем во ситуација кога каматните стапки се на високо ниво подолго време и предлага мерки за подобрување на регулаторните стандарди.

Извештајот нагласува дека е потребна широка комбинација на структурни и финансиски мерки за да се отклучи приватниот капитал потребен за инвестиции за ублажување на климатските промени на пазарите во развој.

Одржливиот економски раст бара и ценовна и финансиска стабилност, тврди ММФ.

Централните банки мора да продолжат со решителна борба против инфлацијата се додека нема јасни докази дека ситуацијата се развива во посакуваната насока, но монетарната политика треба да ја одразува специфичната состојба на одредена земја, се заклучува во извештајот.