ММФ ќе одобри 175 милиони евра за Македонија


Владата денес ја разгледа и ја усвои Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговори на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на Ковид-19.

Во таа насока, Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка да испрати писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман.