Млад скопјанец нападнат од роднини на девојка му во Аеродром


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

Млад скопјанец бил нападнат од роднини на неговата девојка. 

– На 25.05.2025  во 22.20 часот во СВР Скопје, С.О.(29) од село Палиград, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Г.А.(59) и Ф.Г., двајцата од Скопје, роднини на неговата девојка, кои притоа му го оштетиле и мобилниот телефон, стои во денешниот полициски билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.