МКЦ сè уште чека одлука за директор


Младинскиот културен центар, како институција под надлежност на Град Скопје, подолг период е со вршител на должноста директор. Веќе се пробиени сите рокови за избирање на директор, а во моментов в.д. директор е Русе Арсов, кој со години е дел од тимот на МКЦ.

На отворениот конкурс за избор на прв човек на МКЦ се пријавиле Арсов и пејачот Бени Шакири, но сè уште нема одлука кој од нив ќе продолжи да ја води институцијата.
– Кога ќе имаме информација што може да биде споделена со јавноста, ќе ја споделиме навреме – кратко одговори градоначалникот Петре Шилегов на новинарско прашање за време на прес-конференцијата по повод МОТ.