Митески: Не се отстрануваат 120 паднати дрјва за еден ден! Од невремето поминаа 30 дена
Речиси еден месец по невремето со силен ветар што го зафати Скопје, паднатите дрвја не се отстранети, а истиот случај е и со Општина Аеродром, каде на тревниците стојат дрвјата, а градоначалникот вели дека тие не можат да се отстранат за еден ден.
„Интензивно се работи. Во Аеродром имаше паднато повеќе од 120 дрвја, а 120 дрвја не се отстрануваат за еден ден. Сите пристапни патеки, сите паркинзи се комплетно ослободени. Останати се поголеми дрвја за коишто треба друга механизација за да се отстранат“, рече градоначалникот на Аеродом Дејан Митески, прашан кога ќе се тргнат паднатите дрвја.

Сепак, невремето беше на 21 јули, а сега сме 19 август. По едно дрво дневно да беше отстранувано, досега ќе беа средени триесетина, а замислете да отстрануваа по три дрвја дневно, па денеска не ќе мораше да му се постави ова прашање, додека ги промовираше трите нови (преградени) училници во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски Центар, со што училиштето ќе може да работи едносменски.(Б.Б.)