Митески се заблагодари за довербата во Аеродром: „Од утре почнуваме со работа!“
На градоначалничката функција Митески, пред две години, дојде како неизбран наследник на Тимчо Муцунски, кој по парламентарните избори стана министер во владата на премиерот Христијан Мицкоски.
По објавувањето на локалните избори, Митески се соочи со најголемиот предизвик од неговите сограѓани, односно од него и од неговите сопартијци аеродромци 40 дена ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнак“, со цел да издејствуваат решение за неформалната депонија „Вардариште“, која многу често се пали и го загадува воздухот токму на оваа општина.
Митески неколкупати излезе да се соочи со тие кои се борат за чист воздух, иако постојано нагласуваше дека тоа не е негова надлежност затоа што Вардариште е на територија на Општина Гази Баба.
Аеродромци очекуваат од него во овој четиргодишен мандат Вардариште да биде затворена приказна.