Мишо Ковач испратен на „Пољуд“ во Сплит: Повеќе од 30.000 луѓе се збогуваа од поп-легендата
На стадионот „Пољуд“ во Сплит се одржа големо збогување за Мате Миша Ковач, кој почина во саботата на 86-годишна возраст. Заедно со десетици илјади граѓани, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, неговите пријатели од светот на музиката и бројни политичари му оддадоа последна почит.
Збогувањето го организираа Градот Сплит, ХНК Хајдук и Хрватскиот музички сојуз, заедно со навивачката група „Торцида“. Како што објави ХРТ, сите 34.000 бесплатни билети беа поделени, а трибините почнале да се полнат неколку часа пред почетокот на програмата, со навивачи од цела Хрватска.
Владата на Хрватска го прогласи вторникот за Ден на национално сочувство. Сопругата на Мишо, Лидија, беше меѓу првите што пристигнаа на стадионот.
На збогувањето покрај Лидија Ковач присуствуваа и Пленковиќ, градоначалникот на Сплит Томислав Шута, градоначалникот на Сиња Миро Буљ, Томислав Мрдуљаш од Хрватскиот музички сојуз и други.
Песните на Ковач ги изведоа неговите пријатели и колеги Младен Грдовиќ, Дражен Зечиќ, Јошко Чагаљ Џоле, Џулијано, Ален Нижетиќ и клапа Ришпет, со учество на хрватската морнарица.
„Го ценам само Горан Каран“ : Мишо Ковач во интервју за Станковиќ
Ковач, најголемата поп-ѕвезда во ексЈугославија, со продадени 20 милиони плочи, ќе биде погребан денес во загрепски Мирогој, покрај неговиот син Еди, во семејниот круг.
Мишо Ковач: Остави зад себе непроценливо музичко наследство, но не и милионски имоти