Мишел бара од Македонија да се спроведат преземените обврски


 

Еден ден по разговорите со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се огласи на Икс за да соопшти дека е „клучно да се имплементираат минатите обврски“.

Во објавата на Икс Мишел вели:

„Го пречекав премиерот Христијан Мицкоски во Брисел и ја поздравив геостратешката ориентација на Северна Македонија и посветеноста за членство во ЕУ.

Со сегашниот моментум во проширувањето на ЕУ, Северна Македонија има вистинска можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на нашето семејство.

Сега е клучно да се спроведат минатите обврски, да се почитуваат правно обврзувачките договори и да се продолжат реформите поврзани со ЕУ со одлучност“.