Мировници, Фатах или анархија: што ќе следи по израелската „победа“ во Газа?


Погодена зграда во Газа (Фото: Анадолија)

Веќе две недели Израел ја напаѓа Газа со проектили, бидејќи собира тенкови и војници за копнена инвазија со една наведена цел – да го уништи Хамас.

Тоа е измамливо едноставна цел, која звучи итна и неопходна за многумина во нацијата која е длабоко трауматизирана од масакрите на 7 октомври, со надеж дека ќе си го врати чувството на сигурност, а војска ќе го врати својот нарушен авторитет.

„ Имаме голем притисок од израелското население“, рече висок израелски безбедносен претставник. „Навистина се трудиме да не бидеме емотивно ирационални во секоја одлука. Единствениот заклучок е дека треба да влеземе. Мораме да влеземе и да го исчистиме и да го елиминираме Хамас од корен, не само воено, туку и економски, неговата администрација. Сè треба да исчезне“, вели преставник на Тел Авив.

Но, уништувањето на Хамас е политичка цел, а не воена. Дури и ако Израел тврди дека има успех по убиство на високи претставници на Хамас, уништување на нивниот арсенал и тунели и растурање на нивната администрација, тие не кажаа што ќе прават следниот ден по „победата“.

Појасот Газа сè уште ќе биде таму, иако главно во урнатини. Населението кое ќе ја преживее војната сè уште ќе биде таму, тагувајќи за новите загуби на најблиските и нивните домови. А сиромаштијата и другите немаштии што го хранеа Хамас само ќе се интензивираат.

Националниот гнев, трупањето воена моќ, му изгледаше вознемирувачки познато на американскиот претседател Џо Бајден, кој минатата недела го предупреди Израел: „Правдата мора да се заземе. Но, предупредувам на ова – додека го чувствувате тој бес, немојте да бидете обземени од него. По 11 септември бевме бесни во САД. Додека баравме правда и добивме правда, направивме и грешки“.

Тој не кажа кои грешки, можеби затоа што има толку многу поразителни за да се изберат. Во Авганистан, а подоцна и во Ирак, САД ги добија првичните битки – како што веројатно ќе успее и  Израел во Газа – поради огромните воени и финансиски ресурси. Сепак, американските агенти не стигнаа до Осама Бин Ладен, архитектот на нападите, цела деценија. Во тоа време, војната во Ирак уби стотици илјади цивили, ја претвори земјата во секташко крвопролевање и го посеа семето за подемот на Исламската држава. Талибанците се бореа 20 години и на крајот се вратија на власт, понижувајќи го Вашингтон во тој процес.

Американските политичари и војска, без разлика дали од ароганција, наивност или слеп оптимизам, опасно малку размислуваа за тоа што би можело да дојде откако ќе го понижат својот непријател. Израел се чини дека оди по сличен пат, со раководство кое не дефинира како изгледа победата и не направи планови за тоа како би можела да се води енклавата кога ќе заврши каква било воена кампања. Ќе биде во урнатини, со најмалку илјадници мртви, можеби и десетици илјади, а преживеаното население ќе биде длабоко трауматизирано.

Во Израел има мал апетит директно да се управува со Газа. Неговите  трупија напуштија  принудувајќи ги доселениците да дојдат со нив  пред речиси две децении, бидејќи дури и тврдокорниот премиер Ариел Шарон не мислеше дека окупацијата на неодредено време ќе биде одржлива. По оваа брутална војна ќе има уште повеќе незадоволство и непријателство. Ниту, пак, Израел сака да ја води корумпираната, склеротична палестинска управа бидејќи е загрижен околу моѓното обединување помеѓу одвоените фрагменти од потенцијалната палестинска држава.

„Израел во секој случај сака да го спречи интегрирањето на Појасот Газа со Западниот Брег. Тие поддржуваат само поделба“, рече Џамал Закут, поранешен советник на палестинскиот премиер Салам Фајад. „Израел нема стратегија за какво било политичко решение, вклучително и она што тие го сакаат од Газа во иднина, пред или по оваа војна“.

Дури и ако палестинските власти би можеле да бидат под притисок или поткупени да размислуваат за преземање контрола, не е јасно дали тие ќе бидат прифатени или дали ќе можат да го направат тоа. Власта поставена од израелската војска нема да се смета за легитимна. Палестинските власти веќе се широко огорчени на Западниот Брег поради нивната слабост во однос на израелските власти, поради тоа што се неефикасни, нерепрезентативни и преполни со корупција. И иако мнозинството жители на Газа не беа доволно возрасни за да гласаат кога Фатах ги загуби изборите од Хамас во 2007 година, нема причина да се мисли дека станаа попопуларни.

Единствената идеја на израелските политичари и офицери за иднината на Газа, меѓународна мировна сила, се чини дека е вкоренета повеќе во желби отколку во реалност.

„Се чини дека војната ќе биде многу, многу долга и треба да ги земеме предвид заложниците, ризикот од ширење на конфликтот во поширокиот регион, ерозијата на поддршката и прашањето на кого ќе ја пренесеме контролата во Газа – на пример, ако треба потенцијално да го предадеме на некоја мултинационална сила предводена од Арапите“, рече поранешниот премиер Ехуд Барак.

Висок безбедносен функционер посочи дека регионалните сили ќе имаат личен интерес да платат за иднината на Газа. „Потребна ни е добра волја од нашите соседни земји бидејќи тие знаат дека тоа го дестабилизира регионот како целина. Тие земји со пари, со средства треба да инвестираат во Газа“, рече тој.

Но, нема индикации дека тие би сакале да бидат вовлечени во трошоците и политичкото изложување на управувањето со Газа, во суштина во име на израелската влада. Многу земји се веќе финансиски загрозени, се справуваат со домашните немири влошени од зголемените трошоци за живот и со децении се домаќини на голем број палестински бегалци.

Но, многу луѓе во појасот и во целиот регион стравуваат дека тврдокорните Израелци не планираат идна администрација во Газа, бидејќи сакаат целосно да ја испразнат од Палестинците.

„Обемот на смртта покажува дека она што се случува во Газа е насочено главно кон цивилите и дека главна цел е да се преместат  жителите на Газа во јужната област на Појасот Газа, а можеби и до Синај“, рече Закут, опишувајќи ја воената кампања како „етничка чистење“. Тие гледаат во избезумениот марш надвор од градот Газа како ехо на Накба, арапски термин за насилно протерување на околу 750.000 Палестинци од она што претходно беше под контрола на британса Палестина за време на создавањето на Израел во 1948 година. Шаторски град во Синај за Палестинците е идеја со долга историја; Поранешниот заменик министер за одбрана Дени Ајалон рече дека жителите на Газа треба „привремено да се исчистат од областа“.

Израелскиот безбедносен претставник призна дека армијата нема идеја како да се бори во оваа војна без да се радикализира новата генерација млади Палестинци.

„Посакувам да го имам одговорот. Тоа е прашање од милион, една милијарда долари. Затоа што ако го знаевме одговорот, ќе го направевме пред многу години. Го немаме точниот одговор на тоа, но мислиме дека дојдовме до дното на бурето, дека ништо не може да биде полошо од ова“.

Тој вид наивен фатализам ги натера Американците да се обидат да се борат против Ал Каеда и секташките милиции со насилство и тортура; нивните политики нахранија уште поголемо чудовиште, што еден Нетанјаху го користи за да го опише Хамас: Исламска држава. (Гардијан)