Мира Фурлан за состојбата во САД: Овде е хаос, вирусот стана политичен


Една од најпопуларните југословенски актерки од Хрватска и секс-симбол во 80-тите Мира Фурлан (64)  емигрираше во САД во 90-тите. Во ново интервју за српскиот RTV се осврна за алармантната состојба во САД .

Фурлан последните месеци ги помина во самоизолација во Лос Анџелес каде живее и работи во филмското училиште. Во брак е со српскиот режисер Горан Гаиќ. Вели, пандемијата во САД се претворила во политички проблем кој ја поделил земјата.

-Контрола нема републиканците отвараат, демократите затвараат. А Трамп? Не вреди да се разговара за него. Луѓето се занимаваат со неговите твитови, а многу лоши работи се кријат зад завесата, на лудилото нема крај, раскажува.

Вели дека влијанието на пандемијата е силно кај луѓето кои се повеќе се оддалечуваат.

-Вирусот многу не промени.Го чувствувам тоа. Се плашиме од близината на другите. Не само по бојата, полот и нацијата, туку како човек од човек.

Иако паузирала од предавањата заради карантинот, ќе ги продолжи онлајн, со помош на апликацијата Зум која и прави потешкотии.

-Се плашам од чувството на екранот во исто време да имате 15 лица кои секој си прави нешто свое. Но се надевам на најдоброто, вели Фурлан која неодамна се приклучи на експериментот на Здружението на американските режисери, со цел како ќе изгледа филмската индустрија по короната, како и што се треба да се направи за да функционира.

-Беше тоа еден ден на снимање со целосна заштитна опрема. Прашање е како се да се контролира и дисциплинира, вели Фурлан.

Фурлан играше во славните филмови како “Otac na službenom putu” на Кустурица, “U raljama života”  и во  “Za sreću je potrebno troje” на Рајко Грлиќ,  како и во ТВ сериите “Velo misto”, “Nepokoreni grad” i “Vučjak”. Во САД е позната по улогите во сериите  “Изгубени” и “Babylon 5”.

Славната актерка пред четири години беше меѓу главните гости и почесни членови на главното меѓународно жири на новиот филмски фестивал „Киненова Скопје“, што се одржа во октомври, на повеќе локации во Скопје.