Минута молк во Владата за жртвите од автобуската несреќа
Пред почетокот на денешната владина седница, премиерот и министерите станаа и оддадоа почит со минута молк на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија.
Во несреќата што се случи ноќеска, на автопат во блзина на Соефија во Бугарија, загинаа најмалку 46 луѓе, кои се враќале од екскурзија во Истанбул Турција.
Поради несреќата, Владата прогласи тридневна жалост, денеска, утре и задутре, а истото го направи бугарската Влада.