Министерот налага задолжителна вакцинација за вработените во здравството на Австрија

МИнистерот за здравство на Австрија, Волфганг Микштајн, најави дека ќе наложи задолжителна вакцинација против Ковид-19 за сите вработени во здравството.
Како причина наведе дека вработените во здравството се посебно загрозени од пандемијата.
Задолжителната вакцинација ќе важи како за лекарите, така и за негувателите, но и за целиот персонал во здравството.
„Вакцинацијата е единствен пат за излез од пандемијата“, рече Микштајн.
Најавата за воведување задолжителна вакцинација во здравството ја поддржува Лекарската комора на Австрија..