Минималната нето плата од март 2025 ќе изнесува 24.379 денари

Минималната нето плата од март 2025 ќе изнесува 24.379 денари, соопшти даночниот експерт Павле Гацов на неговиот Фејсбук профил.
Како што пишува Гацов, ова ќе биде новиот износ на минималната плата почнувајќи од месец март 2025 година, доколку не се постигне договор меѓу Синдикатот и Работодавачите за повисока минимална плата од онаа која се утврдува согласно со Законот за минимална плата.
Еве што пишува Гацов:
Минималната НЕТО ПЛАТА од МАРТ 2025 ќе изнесува 24.379 денари
Нов износ на МИНИМАЛНАТА плата почнувајќи од месец МАРТ 2025 година
Доколку не се постигне договор меѓу Синдикатот и Работодавачите за повисока минимална плата од онаа која се утврдува согласно со Законот за минимална плата (Сл. весник“, бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 32/17, 140/18, 124/19, 239/19 и 41/22), НОВАТА МИНИМАЛНА ПЛАТА која ќе се применува за периодот МАРТ 2025 – ФЕВРУАРИ 2026 година е веќе позната.
Службениоте податоци за новата минимална плата во текот на месец март ќе ги објави надлежниот Министер (за економија и труд), по претходно мислење на Економско-социјалниот совет.
Со оглед на познатите податоци за пресметување, како и секоја година Про Агенс веќе ја пресмета МИНИМАЛНАТА НЕТО и БРУТО ПЛАТА кој ќе се применува од месец МАРТ 2025 година
Методологија за пресметкување на усогласувањето (зголемувањето) на минималната плата:
Порастот на минималната бруто плата се утврдува како збир од следните два податока:
50% од порастот на трошоците на живот за 2024 година и
50% од порастот на просечно исплатената НЕТО плата во МКД за 2024 година.
Порастот на трошоците на живот за 2024 година е позната големина и изнесува: 3,5%.
Порастот на нето платата за 2024 година исто така е познат и изнесува: 12,6%.
Почнувајќи од платата за месец МАРТ 2025 година МИНИМАЛНАТА ПЛАТА се зголемува за 8,05%.
Нови износи на МИНИМАЛНАТА ПЛАТА од месец МАРТ 2025 година
Минимална НЕТО плата = 24.379 денари
Минимална БРУТО плата = 36.037 денари
[Придонеси (28%) = 10.090 денари; Данок на доход (10%) = 1.568 денари]
Минималната НЕТО ПЛАТА има раст од 1.739 денари.