Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Обединетото Кралство со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција…
Според Антонио Милошоски, откако излезе од ЕУ Обединетото Кралство ја враќа легалната основа на ФРОНТЕКС и за таа цел склучува договори со сите земји во регионот околу справувањето со илегалната миграција и заштита на границите.
Нема подобар демант на ваквите спинови од изјавата на британскиот амбасадор, дека македонско-британскиот договор предвидува инвестирање во инфраструктурата, во економијата, во безбедноста и во образованието, но не предвидува бегалски кампови во Македонија, рече Милошоски, иако никој не зборува за кампови туку за слободно движење на мигрантите кои ќе бидат депортирани евентуално во нашата држава, бидејќи Lондон не може да ги депортира таму каде што потејклнуваат и од каде што дошле.
Според истражувањата на меѓународното научно списание „European Economic Review“, по доаѓањето на 400.000 мигранти во Франција во 2015 година значително се пораснати терористичките напади. За 57% има пораст на апсења во централниот дел на Париз поради банди и дрога.
Во Грција и Италија состојбите се уште поалармантни. На островот Лезбос, со доаѓањето на над 100.000 мигранти и отворањето на кампови во 2015 година, стапката на кражби и насилства е порасната за 2,5%. Студиите покажуваат дека во камповите се случувало хаос, со напади врз жени и насилства.
Овие примери покажуваат како брзите приливи на мигранти, без план за интеграција, доведуваат до хаос во државата- криминалот расте, особено меѓу млади мажи без работа, а земјите реагираат со лоши практики како надворешно „извлекување“ од границите или занемарување на депортациите.
Европската Унија троши милијарди на социјална помош, но без решавање на коренот, како што се безбедни патишта за миграција.
Стравувањата на македонските граѓани се оправдани – како држава која се соочува со ограничени ресурси, со нефункционални институции, со висока стапка на корупција и криминал, а без јасен план за интеграција, ќе ризикува да се најде среде миграциски бран, што многу посилни европски земји не успеаја да го контролираат.