Милошоски: Бесмира Ејупи стана попопуларна од министерот Османи


Фото: Б. Грданоски

Во своето обраќање на денешната седница на која треба да се изгласа новиот состав на Владата, пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонијо Милошоски констатира дека новиот министер за надворешни работи наследува  голем неред во институцијата.

– Во надворешната политика, да се продолжи со стратешкото партнерство со САД, ова е начинот преку кој Македонија може да се избори за своите интереси на глобално нив. Министерот во МНР наследува голем неред во институцијата, естрадна дипломатка Бесмира Ејупи стана попопуларна од министерот Османи. Треба сериозен тим и луѓе кои ќе знаат на најсоодветен начин да ги пратат пораките до меѓународната јавност, и да се добиваат најдобрите и квалитетни информации од меѓународните центри, а тоа не може да се добие од Љубомир Фрчковски и Весел Мемеди – нагласи Милошоски.

Милошоски потенцираше дека ќе има тешки битки во меѓународната политика имајќи го пристапот кои Грција и Бугарија го имаат кон Македонија.

– Ако забележите во последниве неколку дена има координирани напади едниот од внатре од СДСМ, а вториот од Мицотакис  од Атина по  однос на Преспанскиот договор и тоа да биде биполарноста поизразена, во Македонија нападите доаѓаат од оние кои го потпишаа овој договор. Во однос на Бугарија преговарачката рамка дополнително и непотребно беше оптоварена со Вториот Протокол со кој Османи се согласи историјата да биде критериум и ова ќе биде предизвик со кој ќе треба да се бориме, изјави Милошоски.