Мицкоски во Швајцарија на средба со иселениците: На Македонија ѝ треба целосна трансформација


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, е во дводневна посета на Швајцарија, каде што денеска од Тринген на средба со македонската заедница порача дека на Македонија и треба целосна трансформација.

Тој рече дека после 8 мај и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се ќе биде поинаку, а прва задача ќе биде повеќе деца да се крштеваат во Македонија отколку во странство, односно да се вратат луѓето дома.

„Ние како политичари да сториме се што е во наша моќ да овозможиме услови нашата дијаспора да се врати дома, да живее, инвестира и биде задоволна. Сакам следната ваква средба да ја направиме дома во Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека изминатиов период ВМРО-ДПМНЕ беше исправена пред бројни предизвици. Зборувајќи за претстојните парламентарн и избори Мицкоски рече дека победата мора да биде со консолидиран број 61 пратеници.

„Затоа што победата нема да биде доволна само за обични реформи, нас ни треба целосна трансформација на Македонија“, рече Мицкоски.