Мицкоски во Брисел на Конгресот на ЕПП
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Драган Ковачки и Стефан Андоновски ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија во Брисел, кој ќе се одржува во наредните два дена.
На Конгресот се очекува присуство на високи европски функционери, меѓу кои претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
Настанот во Брисел е во знакот на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, политичко семејство кое, како што се наведува, има значајна улога во обликувањето на европските политики и вредности.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека учеството на Мицкоски и делегацијата претставува потврда за, како што велат, цврстата определба на државата за европска интеграција и активна вклученост во процесите во Европа.
Во рамки на Конгресот, најавени се и билатерални средби со европски претседатели, премиери и партиски лидери, со цел зајакнување на меѓународната позиција и афирмација на националните интереси.