Мицкоски во Брисел ќе ја пренесе народната фрустрација
Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе биде во Брисел каде што во ЕУ ќе се расправа за Планот за раст. Но доколку станело збор за евронтеграцијата тој ќе кажел дека има голема фустрација во македонија поради закочените процеси.
„Доколку стане збор за евроинтегративниот процес, јас сум тој што треба да ги брани и одбрани македонските национални интереси. Како што беше во минатото, кога бевме опозиција, а дури и сега како влада кога имаме повеќе аргументи, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму“, рече денеска Мицкоски.
Тој кажа дека по една деценија од првиот позитивен извештај кој Македонија го доби од ЕУ, не можеме да почнеме оти има вештачки пречки.
„По една деценија ние не можеме да почнеме со преговори, но не затоа што не ги почитуваме критериумите, туку бидејќи има вештачко наметнатни пречки, кои ги немал ниту еден народ, ниту една држава. Нека бидат сигурни граѓаните дека ќе се бориме и ќе се избориме за македонските интереси“, додаде Мицкоски.