Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за ликвидност на ЕСМ, ќе го блокира во Собранието

Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека најголемата опозициска партија нема да го поддржи донесувањето законот за ликвидност на ЕСМ бидејќи според него над 4.000 луѓе ќе останат на улица, и најави дека неговата партија ќе ја искористи можноста за филибастеринг во парламенотот.
„Законот кој што го предложи власта во парламентот со наслов Закон за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ содржи во својата структура услов кој што вели дека за да ги користи АД ЕСМ тие средства односно владата потребно е до крајот на 2023 да биде затворен Осломеј, а до 2027 година да биде затворен РЕК Битола. Што значи тоа? Тоа значи уште еден пуст град како Кичево и уште еден пуст регион како Пелагонискиот регион односно 4.000 луѓе, 4.000 семејства на улица и најмалку уште 40.000 кооперанти кој што зависат од работата на овие два производни капацитети на базна енергија“, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање денеска при посетата во Кисела Вода.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки во парламентот или популарно наречено филибастеринг овој закон да не помине.