Мицкоски вели ќе донел три нови инвестиции уште во првите 100 дена од новата влада


Имаме јасна методологија , имаме концепт, имаме политики кои ќе ги преземеме уште во првите 100 дена и можам да најавам дека во првите 100 дена директно владата на ВМРО-ДППМНЕ ќе донесе три сериозни, големи мултинационални компании, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот на 24 телевизија.

Иако денешната дебатата не беше насочена кон економски прашања, тој исто така додаде дека идната влада ќе овозможи и раст на платите, на пензиите, како и вистински инвестициски бум.