Мицкоски: Укинувањето на балансерот го бара ЕУ, не ние
Реформите во кои спаѓа и укинувањето на Балансерот не доаѓаат од ниту една политичка партија, туку од Скрининг извештајот на ЕУ, вели премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со најавите за реформи што ќе доведат до укинување на инструментот за правична застапеност Мицкоски рече:
„Ако сакаме да правиме реформи, што и самата ЕУ вели дека се потребни, една од реформите е и ова. Тие велат дека времето на Балансерот измина бидејќи бил предмет на многу злоупотреби во минатото. Посебно во декларирањето на етничката припадност на граѓаните. Тоа не е став на ВМРО, став на ВРЕДИ, став на ЗНАМ, СДСМ, ДУИ или на која било политичка партија. Тоа е став на ЕУ. “, рече Мицкоски.