Мицкоски: „Трифонов е македономразач, а Бучковски авантурист“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште го оквалификува коалицискиот партнер во бугарската влада како „комедијант“, а за Ковачевски рече дека нема легитимитет да преговара


 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска ја заостри реториката кон одредени политичари во Бугарија, нарекувајќи го коалицискиот партнер во тамошната владата, Слави Трифонов, „комедијант и еден од најголемите макодономразачи“.

во изјава пред Соборниот храм во Скопје, на новинарско прашање во врска со предлогот на Слави Трифунов да се симне бугарскиот визен режим од САД за деблокада на македонските европски интеграции и преговорите со Бугарија, истакна дека Слави Трифунов е  еден од главните промотори и македономрзци промовирани во јавноста, а Ковачевски нема летимитет да преговара за идентитетот на македонскиот народ, треба да се слушне гласот на народот во преговорите со Бугарија.

„Во неколку денови имаме неколку различни изјави од комедијантот Трифунов. Неколку денови гледаме како останатите коалициски партнери во Владата го демантираат, немам што да дадам дополнително како коментар на изјавите на комедијантот Трифунов, којшто е еден од главните промотори и македономразачи промовирани во јавноста во изминатиов период“, рече Мицкоски во изјава пред Соборниот храм во Скопје, околу изјавата на лидерот на партијата Има таков народ и неговиот предлог САД да ги укинеле визите за бугарските граѓани, а ЕУ да ја примела Бугарија во Шенген зоната во замена за кревање на блокадата.

Тој рече дека нема официјална потврда и информација за најавената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје на 18 јануари. Мицкоски очекувал решение коешто нема да биде на штета на идентитетот на македонскиот народ, Димитар Ковачевски немал легитимитет да преговара, а Владо Бучковски го нарече „авантурист преговарач“.

„Очекувам да се слушне гласот на македонскиот народ, на најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, која има најголема пратеничка група во Собранието, од определени гимнастики познати на јавноста е за жал во опозиција, а со најголем број градоначалници и советници, политичка партија која го депласираше СДСМ на последните локалните избори, а како што стојат мерењата на јавното мислење ќе го депласира и на наредните парламентарни избори“, рече Мицкоски.