Мицкоски со нов услов: Марија Габриел да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини


 
 

 

Тој потсети дека германскиот канцелар Вили Брант на тој начин ѝ се извинил на Полска. Тој го повика и премиерот Димитар Ковачевски да не се плаши да излезе на избори.

 

„Човекот е кукавица, човекот е киднапиран домазет во својата Влада, се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел, таква е ова политичка матрица на овие луѓе. Освен тоа што уште некое време ќе бидат таму каде што се, јас не очекувам било каква креативност, еднаш кукавица, цел живот кукавица. За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди и нека пресудува“, рече Мицкоски повикувајќи го Ковачевски на ТВ дуел.

Конкуренција на Мицкоски во Ваташа му правеше и Димитар Апасиев од Левица.