Мицкоски се сретна со кралот Чарлс


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс Трети.

– На средбата разговаравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области. Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство – објави Мицкоски на Фејсбук.