Мицкоски: Првата одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде намалување на даноците  


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави денеска дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прва одлука ќе биде намалување на даноците.

Според него клучно за успех е да се сврти вниманието кон државата и да се стави акцент на политиките кои водат кон развој.

„Ако сакаме да сме успешни треба да бидеме два пати подисциплирнирани и поработливи од големите. Таа дисциплина да ја постигнеме и се ќе дојде само по себе и ќе бидеме вреднувани по други параметри, а не да сме на 111 место по корупција. Првата одлука ќе биде рамен данок или  8 проценти рамен данок, да се намали сивата економија. Тоа е она што е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски за телевизија Алфа заклучувајќи „доколку имаме мотивирани политичари тоа може веднаш да се направи“.