Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ разговараат за промена на државниот грб
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/07/Drzaven-grb-1-bg_resize.jpg)
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.
„Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сѐ уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече Мицкоски.
Првиот договор за такво нешто е направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во времето кога со партијата раководеше неговиот претходник, Никола Груевски.
„Јас знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб. Тоа беше пред неколку години, ако не се лажам, 2014 или 2015. Инаку, ние тоа прашање го отворивме и ценам дека сме една од двете држави, постсоцијалистички коишто сѐ уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации. Но кратко да кажам, имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста влада, односно кога таа влада ја водеше Никола Груевски“, рече Мицкоски.